Nokia 5530 XpressMusic - Заштитена содржина

background image

Заштитена содржина

За да управувате со лиценците за дигитални права, одберете

Menu

>

Settings

и

Phone

>

Phone mgmt.

>

Security

>

Protected content

.

Управување со дигитални права
Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологија

за управување со дигитални права (ДРМ; digital rights management – DRM) за

заштита на нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските

178 Прилагодувања

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

background image

права. Овој уред користи различни типови на ДРМ софтвер за пристап до

содржини заштитени со ДРМ. Со овој уред можете да пристапите до содржини

заштитени со WMDRM 10, OMA DRM 1.0, и OMA DRM 2.0. Ако одреден ДРМ софтвер

не успее да ја заштити содржината, сопствениците на содржината може да

побараат таквата ДРМ софтверска можност за пристап до новите содржини

заштитени со ДРМ да бидат повлечени. Повлекувањето исто така може да

спречи обнова на таквата содржина заштитена со ДРМ веќе во Вашиот уред.

Повлекувањето на таквиот ДРМ софтвер не влијае на користењето на

содржини заштитени со друг тип на ДРМ или користење на содржини

незаштитени со ДРМ.
Содржините заштитени со DRM доаѓаат придружени со лиценца што ги

дефинира Вашите права за користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна

копија на лиценцата и на содржината, користете ја функцијата за правење

резервни копии на Nokia Ovi Suite.
Другите методи на префрлување може да не ја префрлуваат лиценцата која

треба да се поврати со содржината за да можете Вие да продолжите со

користење на содржината заштитена со OMA DRM откако меморијата на уредот

ќе биде форматирана. Може исто така да треба да ја повратите лиценцата во

случај датотеките на Вашиот уред да бидат оштетени.
Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и лиценцата и

содржината ќе бидат изгубени ако меморијата на уредот се форматира. Може

исто така да ги загубите лиценцата и содржината ако датотеките на Вашиот

уред бидат оштетени. Губењето на лиценцата или на содржината може да ја

ограничат Вашата можност за повторно користење на истата содржина на

Вашиот уред. За повеќе информации, контактирајте го Вашиот оператор.

Прилагодувања 179

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

background image

Некои лиценци може да се поврзани со некоја специфична SIM картичка, и на

заштитената содржина може да и се пристапи само ако SIM картичката е

вметната во уредот.