
Позиционирање со Вашиот уред
Можете да користите апликации како што се GPS податоци за да ја пронајдете
Вашата локација или да мерите растојанија и координати. Овие апликации
имаат потреба од GPS конекција.
Вашиот уред нема внатрешна GPS антена. За да користите апликации кои
бараат GPS конекција, користете компатибилен GPS приемник (додаток кој се
продава одделно). Користете Bluetooth конективност за да се поврзете со GPS
приемникот.
Можете исто така да користите позиционирање базирано врз мрежата со
Вашиот уред.