
За GPS
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван од Владата на
Соединетите Држави, која е единствено одговорна за точноста и одржувањето
на системот. На точноста на податоците на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата на Соединетите
Држави и е предмет на промена со политиката за цивилен GPS на
Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави и
Федералниот Радио-навигационен план. На точноста исто така може да влијае
и слабата геометрија на сателитите. На достапноста и квалитетот на GPS
сигналите може да влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како и
120 Позиционирање
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

временските услови. GPS сигналите може да не се достапни во внатрешноста
на згради или под земја и може да бидат попречени од материјали како што
се бетон или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на локации, и не треба никогаш
да се потпирате единствено на податоците за локацијата од GPS приемникот и
на мобилните радио мрежи за позиционирање или навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се појават грешки при
заокружување. На точноста исто така може да влијае и достапноста и
квалитетот на GPS сигналите.
Координатите во GPS се изразени со помош на меѓународниот координативен
систем WGS-84. Достапноста на координатите може да варира во зависност од
регионот.