Nokia 5530 XpressMusic - За Мапи

background image

За Мапи

Одберете

Menu

>

Applications

>

Maps

.

Со Мапи, можете да ја видите Вашата моментна локација на мапата, да

пребарувате мапи за различни градови и држави, да барате места на интерес,

да планирате маршути од една локација до друга, да зачувувате локации и да

ги испраќате на компатибилни уреди. Можете исто така да купите информации

за сообраќај и услуги за навигација, доколку тоа е достапно за Вашата држава

или регион.
Некои услуги може нема да бидат достапни во сите земји и може да бидат

обезбедени само во одбрани јазици. Услугите можат да бидат зависни од

мрежата. За повеќе информации, контактирајте со Вашиот мрежен оператор.
Вашиот уред нема вграден GPS приемник. За да ги користите услугите на Мапи

кои бараат GPS конекција, користете компатибилен надворешен GPS приемник

(се продава одделно).

мапи 125

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

background image

Кога употребувате Мапи за прв пат, можеби ќе треба да одберете интернет

пристапна точка за даунлоадирање на мапи.
Кога имате некоја активна конекција на податоци и ја пребарувате мапата на

екранот, нова мапа автоматски се презема ако пребарувате во област која не

е покриена со мапите кои се веќе преземени.
Совет: Можете исто така да ги користите Мапи без интернет конекција и да ги

пребарувате мапите кои се зачувани на Вашиот уред или мемориската

картичка, ако е достапна во уредот.

Забелешка: Даунлоадирањето содржини како што се мапи, слики од

сателити, гласовни датотеки, водичи или информации за сообраќај може да

вклучуваат пренос на големи количини на податоци (мрежна услуга).
Скоро целата дигитална картографија е непрецизна и некомплетна до некој

степен. Никогаш не се потпирајте единствено на картографијата која што ја

даунлоадирате за употреба во овој уред.