Nokia 5530 XpressMusic - За Bluetooth

background image

За Bluetooth

Bluetooth технологијата во вашиот уред овозможува безжични врски помеѓу

електронски уреди во опсег од 10 метри (33 стапки). Bluetooth врска може да

се користи за да испратите слики, видео, текст, визит-карти, календарски

белешки или безжично да се поврзете на уреди што користат Bluetooth

технологија.
Бидејќи уредите што користат Bluetooth технологија комуницираат користејќи

радио бранови, вашиот уред и другите уреди не мора да бидат во директна

видна врска. Двата уреди само треба да бидат максимално 10 метри

оддалечени еден од друг, иако врската може да биде изложена на

146 Конективност

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

background image

интерференција од пречки како што се ѕидови или од други електронски

уреди.
Неколку Bluetooth врски можат да бидат активни одеднаш. На пример, ако

вашиот уред е поврзан на слушалки, исто така можете истовремено да

пренесувате датотеки на друг компатибилен уред.
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги

поддржува следниве профили: напредна аудио дистрибуција, основна слика,

идентификација на уред, dial-up networking, пренос на датотеки, генерички

пристап, генеричка аудио/видео дистрибуција, генеричка размена на објекти,

hands-free, слушалка, објект пуш, пристап во именикот, сериски порт, и SIM

пристап . За да осигурате интеропратибилност помеѓу другите уреди што

поддржуваат Bluetooth технологија, користете додатоци за овој модел што се

одобрени од Nokia. Проверете со производителите на другите уреди за да ја

утврдите нивната компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат

побарувачката на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на

батеријата.