Nokia 5530 XpressMusic - За WLAN

background image

За WLAN

За да користите безжичнa LAN (WLAN) конекција, таа мора да е достапна во

Вашата локација, и Вашиот уред мора да е поврзан со WLAN мрежата. Некои

WLAN мрежи се заштитени, и потребен Ви е клуч за пристап од обезбедувачот

на услуги за да се поврзете со нив.

Забелешка: Во некои земји може да биде ограничено користењето на

WLAN. На пример, во Франција е дозволено користење на WLAN само во

затворени простории. За повеќе информации, контактирајте ги Вашите

надлежни органи.

136 Конективност

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

background image

Карактеристиките кои користат WLAN или на кои им е дозволено да работат во

позадина додека се користат други карактеристики, ја зголемуваат

побарувачката на енергија од батеријата и го намалуваат работниот век на

батеријата.
Вашиот уред ги поддржува следниве WLAN карактеристики:

IEEE 802.11b/g и WAPI стандарди

Работа на 2.4 GHz

Wired equivalent privacy (WEP) со клучеви до 128 bits, Wi-Fi заштитен

пристап (WPA), и 802.1x методи за аутентификација. Овие функции може

да се користат само ако се поддржани од мрежата.

Важно: Секогаш вклучете еден од достапните методи на шифрирање за

да ја зголемите безбедноста на Вашата безжична LAN конекција. Користењето

на шифрирање го намалува ризикот од неовластен пристап до Вашите

податоци.