
Грижа за Вашиот уред
Внимателно ракувајте со Вашиот уред, батерија, полнач и додатоци. Следниве предлози Ви помагаат да ја
заштитите важечката гаранција.
•
Чувајте го уредот сув. Талогот, влажноста и сите типови на течности и влага може да содржат минерали што
предизвикуваат корозија на електронските кола. Ако Вашиот уред се навлажни, отстранете ја батеријата и
оставете уредот да се исуши.
•
Не го чувајте уредот на студени температури.
•
Не обидувајте се да го отворите уредот на друг начин освен како што е наведено во упатството за корисникот.
•
Неодобрените модификации може да го оштетат уредот и да ги прекршат правилата кои важат за радио
уреди.
•
Не го испуштајте удирајте или тресете уредот.
•
Користете само некое нежно, чисто, суво платно за да ја исчистите површината на уредот.
•
За оптимални перформанси, исклучете го уредот одвреме-навреме и отстранете ја батеријата.
•
Држете го Вашиот уред настрана од магнети или магнетни полиња.
•
За да ја сочувате безбедноста на Вашите важни податоци, чувајте ги на најмалку две засебни места, како што
се Вашиот уред, мемориска картичка или компјутер, или запишете ги важните информации.