
Вметнете ја SIM картичката
Важно: За да спречите оштетување на SIM картичката, секогаш
отстранете ја батеријата пред да ја вметнете или отстраните картичката.
Важно: Не користете мини-UICC SIM картичка, исто така позната како
микро-SIM картичка, микро-SIM картичка со полнач или SIM картичка што има
мини-UICC исечок (види слика) во овој уред. Микро SIM картичката е помала од
стандардната SIM картичка. Овој уред не ја поддржува употребата на микро-
SIM картички и употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката.
SIM картичката може веќе да е вметната во уредот. Доколку не е, сторете го
следново:
1 Отворете го поклопецот на слотот за SIM картичката.
За почеток 19
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

2 Вметнете SIM картичка во слотот за SIM картичка. Осигурете се дека
контактните области на картичката се свртени надолу и засечениот агол е
свртен кон уредот. Притиснете ја картичката навнатре.
3 Затворете го поклопецот на слотот за SIM картичката. Осигурајте се дека
вратичката е правилно затворена.
20 За почеток
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

Доколку SIM картичката не е соодветно поставена, уредот може да се користи
само во Offline профил.